Ураганот Иан ја опустоши Флорида, погледнете ги снимките од воздух! Куќи и згради уништени, а најлошото допрва следува

Точка

30/09/2022

07:38

5.513

Големина на фонт

а а а

Погледнете ги снимките од последиците на ураганот Иан од воздух.

Ураганот Иан ја опустошил Флорида и оставил хаос зад себе, а екипа на телевизијата "CNN" ги снимила последиците на бурата од воздух.

Во налетот на ураганот Иан настрадале најмалку 19 луѓе, а се проценува дека материјалната штета е огромна.

Иан моментално е класификуван како ураган од прва категорија и се очекува дека ќе ја погоди Северна Каролина.

Жителите и властите се многу загрижени бидејќи ударот се очекува во петок,во текот на плима, што значи дека опасноста од поплави ќе биде голема.




Спонзорирани линкови

Маркетинг