Мистеријата за бременоста на кралицата Елизабета: Еве зошто нема фотографии од неа додека била бремена

Точка

29/09/2022

21:24

7.975

Големина на фонт

а а а

Животот на кралицата Елизабета е под будното око на јавноста речиси цел нејзин живот. Иако многу се знае за неа и за нејзиниот приватен живот, сепак има една работа која ги интригира луѓето.

Имено, таа родила четири деца - сегашниот крал Чарлс Трети, принцезата Ана и принцовите Ендру и Едвард.


Токму околу нејзината бременост настана полемика која трае до ден-денес. Иако родила четири деца, јавноста никогаш не видела ниту една фотографија од кралицата Елизабета додека таа била бремена, а сите се прашуваат зошто.

Во минатото, кралскиот протокол бил исклучително строг, па на трудниците им било забрането да кажат дека се бремени. Во еден текст во весник било објаснето дека на кралицата не ѝ било дозволено да објави дека е бремена, а во текот на тие месеци палатата ја известувала јавноста дека привремено се повлекува од очите на јавноста на одреден временски период.


„Нејзиното кралско височество кралицата Елизабета нема да презема јавни ангажмани по крајот на јуни“, гласело соопштението, а пет месеци подоцна таа го родила Чарлс.

На овој начин на кралицата ѝ бил обезбеден сиот мир и пријатна атмосфера со тоа што никој ништо не знаел за бременоста, а таа била ослободена од сите обврски.


Принцезата Дијана била прва која се породила во болница, а на јавноста ѝ го покажала принцот Вилијам ден по породувањето, а по нејзиниот пример одеше и Кејт Мидлтон, а потоа и Меган Маркл.




Спонзорирани линкови

Маркетинг