Конечно природен „лек“ за добар сон! Бразилскиот орев е најбогатиот минерал кој ни овозможува мирно да спиеме

Точка

29/09/2022

19:50

10.180

Големина на фонт

а а а

Голем процент луѓе се борат со лош сон во одреден момент од нивниот живот.

Ако лошиот сон продолжи подолг временски период, тоа може негативно да влијае на нашите секојдневни активности, како и на нашето здравје.

И додека повеќето несоници се поврзани со лошото ментално здравје, понекогаш причината за лошиот сон е недостатокот на селен во телото.

Експертката за добар сон, Мари Грејс Тејлор, за магазинот „Експрес“ објаснува дека проблемот со сонот може да се должи на недостигот на некои минерали во телото, но и на последици од психичката состојба.


„Веројатно знаете дека треба да избегнувате кофеин неколку часа пред спиење, но одредени намирници можат да ви помогнат да спиете подобро. Се препорачува секој ден да консумирате бразилски орев, кој е најдобар природен извор на селен и кој генерално им недостига на луѓето кои имаат недоволен сон“, советува таа.

Бразилските ореви исто така содржат минерали како фосфор и магнезиум.

Сепак, бидете внимателни со консумирањето селен бидејќи на човечкото тело не му требаат прекумерни количини. На просечен возрасен човек му требаат околу 55 микрограми дневно.

Освен што помага за спиење, селенот има и други здравствени својства како што се подобрување на метаболизмот на тироидните хормони и заштита на телото од инфекции.




Спонзорирани линкови

Маркетинг