Таа изневерена, тој напуштен: Романсата меѓу двајцата најпосакувани луѓе во Холивуд трае, иако таа е сè уште законски венчана?

Точка

29/09/2022

19:12

6.952

Големина на фонт

а а а

Ратајковски на почетокот на септември поднела барање за развод откако нејзиниот сопруг Себастијан Бер Меклард наводно ја изневерил, а сега таа е заедно со Бред Пит.

Откако кон крајот на месец август актерот Бред Пит и манекенката Емили Ратајковски биле забележани како се држат за рака, сега се зборува дека повеќе време поминуваат заедно.

„Бред и Емили сигурно се дружат и поминуваат многу време заедно. Нивните пријатели не се сигурни колку нивната врска е сериозна затоа што делува како да се во пријателски односи“, изјавил извор близок до парот.


Рајатковски на почетокот на август поднесе барање за развод откако нејзиниот сопруг наводно ја изневерил. Медиумите пренесоа дека постапката е оспорена, што значи дека сопружниците се сè уште во брак.

„Да, ја изневеруваше. Тој е сериски прељубник. Одвратно“, изјавил извор близок до манекенката.

Емили и Себастијан се венчаа во февруари 2018 година откако две недели претходно во јавноста обелоденија дека се заедно. Парот го доби синот Силвестер, во март 2021 година.


Пит и Емили пред еден месец биле забележани како шетаат во Њујорк и како се држат за рака, а парот еден ден пред тоа бил забележан како се дружи во романтично бистро во Париз.

„Вечераа во резервиран простор и се забавуваа до доцните вечерни часови“, изјавил извор близок до манекенката.

Да ве потсетиме, Пит се разведе од актерката Анџелина Џоли откако 12 години биле заедно, а имаат и шест деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг