Дали пиењето кафе секој ден може да ни го продолжи животот?

Точка

29/09/2022

15:00

9.189

Големина на фонт

а а а

Пиењето две до три шолји кафе дневно може да биде поврзано со подолг животен век, сугерира новото истражување.

Во споредба со избегнување на кафето, тоа исто така е поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни болести, покажува студијата.

Наодите биле применети на мелени, инстант и безкофеински сорти на пијалок, а истражувачите велат дека консумирањето кафе треба да се смета за дел од здравиот начин на живот.

Според студијата, најголемото намалување на ризикот е забележано со две до три шолји дневно.


Авторот на студијата, професорот Питер Кистлер од Институтот за истражување за срце и дијабетес Бејкер, Австралија, вели:

„Во оваа голема, набљудувачка студија, инстант кафето и безкофеинското беа поврзани со еквивалентно намалување на инциденцата на кардиоваскуларни болести и смрт од кардиоваскуларни болести или било која причина“.

„Резултатите сугерираат дека лесен до умерен внес на мелено, инстант кафе и безкофеинко кафе, треба да се смета за дел од здравиот начин на живот“, додава тој.

Студијата ги испитувала врските помеѓу видовите кафе и отчукувањата на срцето, кардиоваскуларните болести и смртта, користејќи податоци од Биобанк Студијата во Велика Британија, која регрутирала возрасни на возраст меѓу 40 и 69 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг