Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин и официјално да ги присоедини окупираните украински територии кон Русија, е најголемата принудна анексија во Европа од почетокот на Втората светска војна, напишал на Твитер Шашанк Јоши, новинар и уредник во „The Economist“.
Вкупната површина на украинската територија која Путин утре ќе ја прогласи за дел од Руската Федерација изнесува повеќе од 90.000 километри квадратни, односно околу 15% од вкупната територија на Украина. Станува збор за површина еквивалентна на површината на Унгарија или Португалија.
„Ова е точка од која повеќе нема враќање. Најголемата принудна анексија на европската територија од Втората светска војна. Путин сега се обврзува трајно да ја брани таа територија и да окупира делови од тие територии кои моментално не ги контролира“, напишал Јоши на Твитер.
„Тоа воедно го спречува да ја врати таа територија на Украина во рамките на договор и го зголемува ризикот од ескалација“, напишал уредникот на „The Economist“.
A point of no return. Largest forcible annexation of European territory since WW2. Commits him to defend it in perpetuity & capture the parts of it he doesn't occupy (lots). Prevents him giving it back to Ukraine as part of a settlement. And increases risk of escalation. https://t.co/ks8EGOMyCx
— Shashank Joshi (@shashj) September 29, 2022