Кога Агата Кристи запознала 16 години помладо момче ја прозвале дека е стара – без оглед на сè, се венчала за него: „Животот поминува, времето лета...“

Точка

28/09/2022

21:16

23.917

Големина на фонт

а а а

Пред да го запознае Макс, Агата Кристи била во брак со човек којшто на суров начин ја изневерил. По неговото неверство, писателката била во депресија, но по несреќата и неа ја огреало сонце.

Агата Кристи имала 40 години кога одлучила да се венча со Макс Малован којшто тогаш имал само 24 години. Замислете го тој скандал во тоа време.

Во тие години, жените во 40-тите години се сметале за стари, додека пак разликата во годините била огромна.

Писателката штотуку поминала низ пеколен развод од својот прв сопруг којшто ја изневерил. Неговото сурово неверство ја довело писателката до депресија, но Агата се извлекла себеси на достоен начин.

Таа ја прашала својата сестра за совет: Дали да се венча со 16 години помлад маж? Сестра ѝ, ѝ предложила да почека. Ѝ рекла дека е постара, па со тоа и помудра.


„Почекај три години. Тогаш ќе ти биде јасно дали е тоа љубов или заљубеност“.

Агата ја донела одлуката и, ѝ одговорила на сестра си:

„За три години ќе бидам уште постара. Животот поминува, времето лета. Ќе се венчам за Макс доколку тој ме запроси. Никогаш не знаеш што те чека во животот“.

Тоа била разумна одлука поради тоа што животот навистина поминува, а шансите за среќа се намалуваат. Доколку чекате можеби вашиот брод веќе ќе отплови.

Агата се венчала и живеела среќно до зрела старост во брак со својот Макс. Парот ја преживеал војната.

Животот често ни нуди втора шанса, поради тоа треба да ја искористиме кога е тука.

Макс и Агата живееле заедно 45 години и покрај тоа што сите се сомневале во успешноста на нивниот брак.


За Агата нејзиниот сопруг бил центар на универзумот, па дури и својот внук често го нарекувала „втор најсакан маж“.

Зборувајќи за својот брак, Макс и Агата го избегнувале зборот „љубов“, а често го спомнувале зборот „среќа“.

Кога Агата ја пишувала својата биографија, судбинската средба со Макс ја опишала како главен настан во нејзиниот живот, па често знаела да каже:

„Ти благодарам Боже, за сета љубов која ми е дадена“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг