Драстично зголемена продажбата на книгата на Нострадамус откако ја „предвидe“ годината на смртта на кралицата Елизабета – еве што друго пишува во неа

Точка

28/09/2022

20:20

11.650

Големина на фонт

а а а

Зголемувањето на продажбата на книгата на Нострадамус во Британија откако таа ја „предвиде“ годината на смртта на кралицата Елизабета Втора е доказ дека сè уште има луѓе кои веруваат во пророци.

Имено, многумина тврдат дека тој „знаел“ кога ќе умре британската кралица пред повеќе од 450 години. Во книжарниците владее бунило за книгата „Nostradamus: The Complete Prophecies for the Future“, напишана од Марио Рединг.

Седум дена пред смртта на кралицата, продадени биле само пет примероци од оваа книга. Меѓутоа, откако таа почина, т.е. во периодот од 8 до 15 септември продадени се дури осум илјади примероци, пишува „Sunday Times“.


Во книгата, меѓу другото, се наведува и ова Нострадамусово „предвидување“: „Кралицата Елизабета Втора ќе умре во 2022 година на 96 години“.

Инаку, многу луѓе ширум светот веруваат дека Нострадамус е генијалец затоа што го „предвиде“ Големиот пожар во Лондон, доаѓањето на Хитлер на власт и многу други настани. Некои дури тврдат дека знаел кога ќе започне војната во Украина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг