По речиси 30 години поминати во Холивуд, популарниот актер Том Хенкс смета дека има само четири филмови за кои верува дека се прилично добри.
Том Хенкс го најави својот роман „ The Making of Another Major Motion Picture Remake Piece“ којшто треба да биде објавен на 9 мај, 2023 година.
Книгата е измислена приказна за создавање филмови за суперхерои вредни над милион долари.
„Никој не знае како се снима филм – иако сите мислат дека знаат“, изјавил Хенкс за странските медиуми.
„Направив многу филмови (а, четири од нив се прилично добри, барем така мислам) и сè уште сум восхитен како филмовите се спојуваат. Од треперење на идејата до треперење на сликата на екран, цел процес е чудо“, додал тој.
Хенкс заклучил дека снимањето филмови е многу тешка работа која се состои од толку многу моменти на радост спроти еднаквиот број на чувство на самопрезир.
Актерот Том Хенкс ги предводеше едни од најпознатите филмови во кинематографијата во текот на неговата четиридецениска кариера, вклучувајќи ги и „Forest Gump“ и „Philadelphia“ кои му донесоа и оскар за најдобар актер, пренесува „Variety“.
Хенкс исто така беше номиниран за Оскар и за филмовите „Cast Away“, „Big“, „Saving Private Ryan“, „A Beautiful Day in the Neighborhood“, но сепак не е јасно кои филмски наслови од кинематографијата тој ги смета за најдобри.