Експертите загрижени: Трендот на облини завршува, слабите тела повторно се враќаат во мода

Точка

28/09/2022

15:43

8.265

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан и нејзините сестри ги популаризираа облините и големите задници, но се чини дека на ерата на „BBL“ (Brazilian Butt Lift) ѝ дојде крајот.

„Brazilian Butt Lift“ е метод на зголемување на задникот на кој наводно се подложил речиси целото Кардашијан семејство, а со самото тоа и жените ширум светот. Позната е и како една од најопасните естетски операции која резултира со еден смртен случај на 3000 операции.

„The Guardian“ пренесува дека бројот на овие операции од 2015 година пораснал за дури 77,6 отсто.


Меѓутоа сега сè повеќе ѕвезди, вклучувајќи ја и самата Ким, одлучиле значително да ја намалат телесната тежина. Многумина воочиле дека Ким на последните фотографии изгледа значително послабо, а се претпоставува и дека отишла „под нож“ за да ги обликува задникот и градите.

Овој тренд го следи и враќањето на панталоните со низок струк и популаризацијата на пилатесот. Сега на социјалните мрежи сè почесто се пласира информацијата дека пилатесот и комбинацијата на јога и балет доведува до витко и тонирано тело, наведува „USA Today“.

Виткото тело не е достижно за сите, колку и да се работи на него. Можното враќање на идеалот за слабо тело ги плаши експертите бидејќи сметаат дека тој тренд ќе донесе нови жртви на нарушувања во исхраната.


Професорката по психологија Елизабет Даниелс е загрижена дека многу жени, особено оние младите, ќе станат жртви на опсесивно броење на калории, ограничувања во исхраната на неколку намирници и прекумерно вежбање, сето тоа под превезот на здравјето затоа што слабото тело сè уште се смета за здраво, иако тоа не е нужно така.

„Некои луѓе се природно витки и не мора се трудат да го постигнат овој стандард на убавина, но за многумина тој е недостижен без прекумерно вежбање и ограничување на исхраната, и тука настанува проблем“, вели Даниелс.


Ако преку вежбањето и исхраната не постигнат резултати, голем број жени ќе се одлучат за естетски процедури за слабеење. Не смееме да заборавиме ниту на сите оние кои во последните 10 години градат облини со операции. Пред нив е сега нов предизвик на операции со кои ќе се отстранат последиците од последниот тренд.


Експертите предупредуваат дека на своето тело не треба да гледаме како на моден тренд.

„Многу е опасно кога им сугерираме на жените, особено на младите жени, дека нивните тела треба да се менуваат и да се приспособат на трендовите. Така жените се гледаат себеси како предмети, а не како живи суштества, што е многу опасно и деструктивно“, порачуваат тие.



Спонзорирани линкови

Маркетинг