Песков: САД сè повеќе инвестираат во конфликтот во Украина

Макфакс

28/09/2022

14:10

1.308

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека САД се сè поблиску да станат полноправна членка на конфликтот во Украина и дека тоа е исклучително опасно.

Песков изјави дека руската страна изразува негативен став кон изјавата објавена од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во која се наведува можноста Украина да го користи оружјето што го добила од САД на териториите каде што се одржа референдумот за обединување со Русија, јавува ТАСС.

„САД де факто сè повеќе се вклучуваат во овој конфликт. Американската страна е сè поблиску и поблиску до тоа да стане полноправна членка во овој конфликт, а тоа е крајно опасно“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.



Спонзорирани линкови

Маркетинг