Го зголемува ризикот од тромбоза: Популарниот напиток може да биде опасен – еве кога не треба да го пиете

Точка

28/09/2022

15:05

10.373

Големина на фонт

а а а

Кафето може да има различно дејство на згрутчување на крвта – кај некои позитивно, а кај некои негативно, еве зошто!

Згрутчувањето на крвта е витално важна функција во организмот, но кога грутките се создаваат без оправдана причина, како на пример повреда, зборуваме за тромбоза.

Тромбозата ја предизвикуваат лошите животни навики, како што се нездрава исхрана и недоволна физичка активност, но и некои измени во состојбата на организмот, како бременост, гојазност или болест.


Густата крв може да биде предизвикана и од дехидратација на телото, а нејзе ѝ потпомагаат и напитоците како што е на пример кафето.

Кофеинот може да го зголеми ризикот од настанување грутки, покажале некои истражувања, доколку дојде до вкрстување со уште некои фактори на ризик.

Исто така било утврдено дека напорните физички тренинзи го забрзуваат дејството на кофеинот пред почеток на вежбањето, се зголемува коагулацијата на крвта и се зголемува веројатноста за настанување тромб.

„Тоа не се однесува на здравите луѓе“, објаснува д-р Моника Весерман.

„Во истражувањата учествувале мажи кои веќе имале лоши кардиоваскуларни маркери – висок крвен притисок и висок холестерол или пак биле пушачи“, вели д-р Весерман.


Кај здравите луѓе кафето може дури и да го намали ризикот од настанување крвни грутки. Важно е да се пие во умерени количини – не повеќе од една до две шолји дневно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг