Усманов ги бара Фаберже јајцата кои полицијата му ги запленила, тврди дека не се оригинални

Точка

28/09/2022

14:00

2.163

Големина на фонт

а а а

Фаберже јајцата се апсолутна реткост, многу се скапи и нивната вредност достигнува од 9 до 12 милиони евра по парче.

При претресот на вилата на Алишер Усманов на езерото Тагерн, германските власти заплениле четири Фаберже јајца кои рускиот милијардер, близок до претседателот Владимир Путин, сега ги бара назад со образложение дека не се оригинални.

„Овие претреси ги имаат сите карактеристики на политички прогон, прогон на еден покровител на уметноста само затоа што има имот во Русија“, прокоментирал луто Усманов.


Јајцата Фаберже се апсолутна реткост и многу се скапи. Јувелирот Петар Карл Фаберже во Санкт Петербург за членовите на руското царско семејство направил само 52 примероци во периодот од 1885-та до 1917-та година. Нивната цена денеска достигнува вредност од 9 до 12 милиони евра по парче, пишува „BILD“.

Усманов се нашол на листата на санкции на ЕУ, а причината за заплената е што тој морал да ја пријави вредноста на имотот, што тој не направил.


Рускиот милијардер, меѓутоа, тврди дека јајцата Фаберже во негов посед не се оригинални.

„Тоа се сувенири кои се направени со лажни дијаманти во Минхен“, вели Усманов.


Според наводите на „Bild“, експертите ќе ја проценуваат вредноста на јајцата Фаберже пронајдени кај Усманов.

Рускиот милијардер се соочува и со други проблеми бидејќи германското обвинителство во Бремен му ја одземало и јахтата вредна 550 милиони евра поради сомнеж за затајување на данок и перење на пари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг