(Фото) Несекојдневен случај во регионот: Собирал ореви под градско дрво, од градот му пратиле сметка

Точка

28/09/2022

13:01

6.490

Големина на фонт

а а а

Трговците кои своите простори ги имаат во деловниот центар во Ѓурѓевац во Хрватска биле шокирани од сметката која ја добил еден од нив, а била издадена од Град Ѓурѓевац, и тоа ни помалку ни повеќе, туку за берба на ореви.

Имено, еден од трговците, минатата седмица од вработените во градската управа добил сметка на која најпрво не обрнал внимание. Шокот уследил кога трговецот сфатил дека сметката е издадена за наем на јавна површина за берба на ореви.


Трговецот кој ја добил сметката одбил да даде било каква изјава. Сметката многу брзо почнала да се споделува на социјалните мрежи, а ја добила и редакцијата на порталот „Podravski.hr“ и со оглед на тоа дека има печат од градот и потпис од градоначалникот, нема причина за сомневање во неговата веродостојност.


Тој трговец, велат добро упатените извори од споменатиот медиум, во неколку наврати собирал ореви кои со денови стоеле под стеблото покрај детско игралиште во близина на деловниот центар, а тоа очигледно го „снимиле“ и вработените во градската управа, бидејќи нивните канцеларии гледаат во тој простор.


„Нашиот колега не бега од тоа дека собрал неколку ореви, но навистина е срамно за тоа да му се издава сметка и да му се бара надомест. Оревите некогаш ги собираат и деца кои тука си играат, па се поставува прашањето дали и тие ќе добијат сметки или некои од граѓаните кои во паркот знаат да соберат по некој костен“, велат трговците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг