Мегваер: Грешките се составен дел од играта, им се извинувам на сите

Дерби

28/09/2022

13:00

1.525

Големина на фонт

а а а

Хари Мегваер има послаба минутажа во оваа сезона, но без разлика на тоа англискиот селектор Герет Саутгејт има максимална доверба во него и одново му даде шанса за настап во националниот тим во Лигата на нации.

Стоперот не се прослави на средбата со Германија каде беше директен виновниот за првиот гол на противникот откако направи пенал, а своја улога имаше и при вториот примен погодок кога згреши по што се разви акција која заврши со тресење на мрежата на „гордиот албион“.

Ова одново донесе жестоки критики за членот на Јунајтед од сите страни што дефинитивно е уште еден удар за него. Тој доби голема подршка од селекторот и колегите кои застанаа зад него, ама Хари се реши и да се огласи на социјалните мрежи каде порача:

- Грешките се составен дел од играта. Се извинувам за тоа. Покажавме голема борба и дух за да се вратиме во игра. Треба да извлечеме позитивни работи и да гледаме напред кон Катар. Тешките времиња ќе не направат посилни, - порача Мегваер на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг