Меси со два мајсторски гола ја потврди победата на Аргентина

Дерби

28/09/2022

11:59

1.594

Големина на фонт

а а а

Аргентина ја продолжи одличната серија на резултати и славеше со 3-0 во пријателската средба против Јамајка.

Селекторот Лионел Скалони го измеша составот за овој дуел или поточно кога е во прашање почетната постава, ама тоа не се покажа како проблем за „гаучосите“ да го потврдат статусот на фаворити.

Хулијан Алварез погоди за предност на Аргентина во 13 минута, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел, односно во 56 минута на теренот влезе Лионел Меси кој ја доврши работата околу триумфот со два мајсторски погодоци.

Првиот падна во 87 минута, а вториот во 89 од слободен удар.

Со ова јужноамериканските шампиони дојдоа до 35 натпревар без пораз со што се блиску до соборување на рекорот на Италија (37).



Спонзорирани линкови

Маркетинг