Играчите го наградија селекторот, Пикси им порача: Па вие не сте нормални

Дерби

28/09/2022

11:56

1.101

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Србија ја совлада Норвешка со 2-0, резултат кој им овозможи да го освојат првото место во групата и да се пласираат во А дивизијата во Лигата на нации.

Напаѓачите Влаховиќ и Митровиќ ги донесоа трите клучни бодови за нашиот северен сосед кој со ова дефинитивно ќе ја крене атмосферата, самодвербата во своите редови пред престојното Светско првенство.

Играчите по успехот во Осло одлучија да го наградат селекторот Драган Стојковиќ-Пикси кој заврши на нивните раце, а овој потоа им порача:

- Па вие не сте нормални-



Спонзорирани линкови

Маркетинг