Селекцијата на Шпанија ја победи Португалија со 1-0 во Брага и на тој начин го освои првото место во групата што ја носи во борба за пехарот во Лигата на нации или поточно завршниот турнир на кој ќе бидат уште Холандија, Хрватска и Италија.
Нико Вилијамс и Алваро Мората ги шокираа Португалците во 88 минута, но претходно фантастичен и сигурен на голот беше Унаи Симон кој имаше неколку квалитетни одбрани од кои за издвојување е онаа во 33 минута кога сите во Брага ја видоа топката во голот по ударот на Жота, ама голманот на Атлетик Билбао со фантастична интервенција ја сочува својата мрежа.