Аџибадем Систина под водство на Амел Аломеровиќ до победа над Матрикс

Точка

28/09/2022

10:28

48.914

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Лукоил со одлична игра до сигурна победа над Уника

Уника 5-13(2-8) Лукоил

Уника: Љуљзим Каштањева 12’ 21’ 33’ Арбен Нухиу 14’ Александар Аевски 23’

Лукоил: Иван Стојчев 1’ 2’ 6’ 8’ 32’ Петар Лефков 7’ 20’ 29’ 30’ 40’ Горан Стојанов 12’ 17’ 29’

Одличен почеток на екипата на Лукоил во дуелот со Уника тие уште на самиот старт од натпреварот наметнаа високо темпо на игра во предно поле што им донесе два брзи погодоци и предност од 0-2. Екипата на Уника по ова рано водство на Лукоил се префрли на противничката половина но заборави на одбраната што Лукоил го искористи за зголемување на водството и солидна предност од 0-5 во 8та минута. Екипата на Уника до крајот на полувремето бркаше резултат и успеа со два гола да ја намали разликата но минатогодишниот шампион Лукоил прикажа одлична игра па на паузата замина со предност од 2-8. На стартот на второто полувреме екипата на Уника имаше одличен старт и со два погодоци успеа да ја намали резултатската предност на Лукоил, но екипата на Лукоил имаше своја вечер и прикажа одлична игра и не дозволи изненадување. До крајот на натпреварот Лукоил ја зголемуваше предноста за конечна победа со резултат од 5-13.

Во инфаркт завршница ЕЛЕМ поуспешни од Bestway Solutions

ЕЛЕМ 4-3(1-0) Bestway Solutions

ЕЛЕМ: Влатко Петровски 2’ Тихо Груевски 29’ Борче Бејковски 37’ Александар Бокан 40’

Bestway Solutions: Никола Игњатовски 38’ Марко Неделковски 39’ Андреј Ацевски 40’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на ЕЛЕМ и Bestway Solutions, на самиот стоарт од полувремето екипата на Bestway Solutions беше таа која напаѓаше и вршеше притисок кон противничкиот гол но екипата ЕЛЕМ со удар од далечина успеа да го изненади противникот и да дојде до предност од 1-0. Во остатокот од полувремето екипата на Bestway Solutions се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на ЕЛЕМ го затвори пристапот кон својот гол и со одлично поставена одбрана не го дозволи тоа па на паузата заминаа со предноста од втрората минута 1-0. Во второто полувреме двете екипи продолжија со цврста игра и борба за топка на секоја педа од теренот, екипата на Bestway Solutions се закануваше кон голот на противникот, но имаше слаба реализација што ЕЛЕМ го казни и го зголеми водството на 3-0. Екипата на Bestway Solutions ги консолидира своите редови и почна да ја топи предноста на ЕЛЕМ за до 38та минута да дојде до израмнување од 3-3 и да ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на ЕЛЕМ буквално во последната минута преку Бокан успеа да реализира за победа од 4-3.

Аџибадем Систина под водство на Амел Аломеровиќ до победа над Матрикс

Аџибадем Систина 6-5(4-2) Матрикс

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 8’ 15’ 35’ Игор Ѓорѓиевски 11’ 15’ 28’

Матрикс: Нино Илиески 11’ 26’ 31’ Златко Атанасоски 20’ Мирко Богески 36’

Екипите на Систина и Матрикс го одиграа последниот натпревар во денешниот ден и двете екипи максимално мотивирано влегоа во овој натпревар и мора да напоменеме дека екипата на Матрикс не беше во полн состав. Натпреварот го отвори Димковски од екипата на Аџибадем Систина кој по одлично изработен напад дојде до реализација во 11та минута, по само неколку минути му се приклучи и Ѓоргиевски за водство од 2-0. Кај Матрикс расположен беше Илиевски кој успеа да го намали резултатот на 2-1, но вечерва незадржливиот тандем Димковски Ѓорѓиевски кај Систина беа прецизни во 15та минуа па и донесоа водство на екипата на Систина од 4-2. Во второт полувреме и двете екипи продолжија да играат во висок ритам се играше одличен фудбал со цврста одбрана и одлично поставен напад. Екипата на Аџибадем Систина имаше своја вечер и водството кое го стекна во првото полувреме успеа да го задржи до самиот крај за победа на овој натпревар со 6-5.




Спонзорирани линкови

Маркетинг