(Фото) Гест кој го воодушеви регионот: Го оставиле отворен прозорецот на автомобилот на дожд, ги дочекала порака која ја враќа вербата во луѓето

Точка

28/09/2022

09:53

15.823

Големина на фонт

а а а

Порака оставена на автомобил во Сплит ги воодушеви корисниците на Фејсбук од регионот, откако истата беше споделена во групата „Prometne zgode i nezgode“.

Во споменатата група е објавена фотографија од порака која ги затекнала сопствениците на еден автомобил откако го оставиле со отворен прозорец на дожд.

„Сакаме да му се заблагодариме на непознатиот Горан кој утринава околу 10 часот на паркингот Сплит - Прима 3 поминал покрај нашиот автомобил и видел дека задниот прозорец останал отворен. Дождот паѓаше како луд. Го залепил прозорецот со најлон и со тоа нè спасил од дожд во автомобилот“, објасниле во објавата сопствениците на возилото.

"Želimo se zahvaliti nepoznatom Goranu,

 koji je jutros oko 10h na parkingu Split -Prima 3 prošao kraj našeg auta i...

Posted by Prometne zgode i nezgode on Tuesday, September 27, 2022

„Нѝ оставил порака дека тоа е сè што можел да направи. Не е мал, туку ова е голем гест кој го направил за нас“, му порачале тие.

Во пораката која ја пронашле на автомобилот пишувало: „Прозорецот ви останал отворен. Ова е сè што можев да направам“.

Во коментари многумина го пофалиле ваквиот потег, велејќи дека ја враќа вербата во луѓето, а еден корисник порачал: „На секој од нас му е потребен еден Горан во животот, но да се потрудиме и ние да бидеме нечиј“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг