Готово за 15 минути: Одличен рецепт за печено свинско месо со пармезан

Точка

27/09/2022

21:29

12.864

Големина на фонт

а а а

Со Панко трошки, пармезан и вашите омилени зачини, можете набрзина да ја подготвите совршената смеса за панирање...

Панко трошките потекнуваат од азиската кујна, но се прошириле во јадењата од целиот свет бидејќи нудат фантастично крцкање.

Тие се направени од бел леб без кора и апсорбираат помалку маснотии од обичните трошки. Измешајте ги со пармезан и вашите омилени зачини за да добиете совршена кора за свинско месо.


Состојки за пржено свинско месо:

- 4 свински стекови без коски со дебелина од околу 2 сантиметри;
- 1 големо јајце;
- 150 гр. Панко трошки;
- 2 лажици рендан пармезан;
- 60 мл. масло;
- сол, бибер.


Подготовка на печено свинско месо:

Лесно изматете го јајцето. Во чинија измешајте трошки, рендан пармезан, 1/2 лажичка сол и 1/8 лажичка бибер. Посолете го и побиберете го месото. Најпрво потопете ги котлетите во јајцето, а потоа притиснете ги во зачинетите трошки.

Загрејте го маслото во голема тава и пржете на умерен оган, вртејќи ги додека не поруменат, околу 10 минути. Префрлете ги котлетите во чинии и послужете ги со вашата омилена салата.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг