Колку се платени возачите во Формула 1? Откриени платите за 2022 година

Точка

27/09/2022

20:43

22.171

Големина на фонт

а а а

Сезоната Формула 1 за 2022 година е во полн замав, а Макс Ферстапен има големa предност на врвот на Светското првенство, додека пак Луис Хамилтон и „Mercedes“ продолжуваат да се мачат.

„Red Bull“ доминира во трките, оставајќи ја двојката на „Ferrari“ во нивна потрага за победа во трката на годината.

По минатогодишната драматична победа на Ферстапен во финишот на сезоната, „Red Bull“ го награди Холанѓанецот со нов скапоцен договор со кој му се придружи на Хамилтон на врвот на листата на платени возачи.

Додека екипите не ги објавуваат платите на возачите во јавноста, бројките објавени во медиумите масовно се користат за да се одреди колку возачите се платени од нивните екипи сезонава, иако тоа не ги вклучува бонусите поврзани со резултатите или пак другите комерцијални додатоци.


Листа на најплатените возачи во Формула 1:

Луис Хамилтон (Mercedes) – 44 милиони евра од сезона

Макс Ферстапен (Red Bull) – 44 милиони евра

Фернандо Алонсо (Alpine) – 16 милиони евра

Ландо Норис (McLaren) – 13 милиони евра

Себастијан Фетел (Aston Martin) – 12 милиони евра

Даниел Рикардо (McLaren) – 12 милиони евра

Шарл Леклер (Ferrari) – 10 милиони евра

Карлос Саинц (Ferrari) – 7 милиони евра


Валтери Ботас (Alfa Romeo) – 7 милиони евра

Ленс Строл (Aston Martin) – 7 милиони евра

Серхио Перез (Red Bull) – 6 милиони евра

Кевин Магнусен (Hass) – 5 милиони евра

Џорџ Расел (Mercedes) – 4 милиони евра

Естебан Окон (Alpine) – 4 милиони евра

Пјер Гасли (Alpha Tauri) – 4 милиони евра

Алекс Албон (Williams) – 2 милиони ера

Гуанју Жу (Аlfa Romeo) – 1 милион евра

Мик Шумахер (Hass) – 1 милион евра




Спонзорирани линкови

Маркетинг