(Видео) „Apple Watch Ultra“: Чини 800 долари, но може ли да ја преживее страшната тортура?

Супермен

27/09/2022

18:15

15.974

Големина на фонт

а а а

„Apple“ неодамна претстави нова генерација на телефони и часовници, вклучувајќи го и „Apple Watch Ultra“ наменет за љубителите на екстремни спортови.

Овој паметен часовник се нашол на тест на издржливост од јутјуберот „TechRax“ којшто нималку не го штедел скапоцениот гаџет (чини 800 долари).

Тешки удари

Робусниот часовник прво бил фрлен од одредена висина, потоа ставен во тегла полна со шајки, а на крајот бил „претепан“ со масивен чекан.


Да ве потсетиме, „Apple WatchUltra“ поседува дисплеј од сафирно стакло, па интересно е да се види како ги поднел тешките удари.

Неговото титаниумско куќиште од 49 милиметри е дизајнирано да го штити од удари и гребење, а постои и акциски тастер за бирање спортски модови.


Нема да ви ги откриеме резултатите, но истакнуваме дека сме восхитени од прикажаното во видеото.


Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг