Популарниот актер го опишал моментот кога сфатил дека има неизлечива болест: Првиот симптом го почувствувал во малиот прст...

Точка

27/09/2022

15:10

9.594

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата од филмовите „Back to the Future“, Мајкл Џеј Фокс, пред 30-на години открил дека пати од Паркинсонова болест, но без оглед на здравствениот проблем тој продолжил да работи активно.

Во една прилика тој открил дека состојбата се влошила, поради што не можел да продолжи со работата.

Објаснил дека не можел да запамети и да повтори напишани зборови, како и дека се надева дека состојбата може да се смени.

Актерот открил дека прво забележал треперење (тресење) во левиот мал прст. Во тоа време, во 1991 година работел на снимањето на филмот „Doc Hollywood“ и вели дека не обрнувал премногу внимание на треморот којшто го чувствувал. Меѓутоа, набрзо потоа се појавило посилно тресење, вкочанетост во колковите и трпнење во стапалата.

Фондацијата Мајк Џеј Фокс, која се занимава со истражување на Паркинсонова болест, навела дека симптомите на оваа состојба кај сите се различни.


Трите главни симптоми на оваа болест се тремор, вкочанетст во мускулите и забавени движења.

„Иако оние кои имаат Паркинсонова болест не ги доживуваат сите три симптоми, забавеното движење секогаш е присутно“, навеле во фондацијата, а ова се уште неколку помалку познати симптоми на болеста:

- Низок крвен притисок;

- Еректилна дисфункција;

- Намалено либидо;

- Проблеми со потење;

- Проблеми со урината.

Паркинсоновата болест може да влијае и на тоа како се чувствувате и што размислувате. Може да се појават проблеми со помнењето, како и депресија и анксиознoст.


„Моето краткотрајно помнење е погодено. Секогаш имав прекрасни вештини за меморирање. Сепак, имав некои екстремни ситуации во кои последните неколку обврски беа стопирани затоа што делови од текстот ми беа тешки поради зборовите кои морав да ги запомнам“, изјавил Фокс.

Паркинсонова болест е болест на нарушено движење, а нарушувањето на движењата настанува поради намалено лачење на хемиската супстанција допамин во тој дел од мозокот кој има важна улога во контролата на движењето.

Болеста вообичаено се развива бавно, па може да поминат и неколку месеци или години пред личноста да сфати дека ги има тие тегоби.




Спонзорирани линкови

Маркетинг