Според податоците на НАСА, Јупитер вечерва ќе го направи најблиското приближување до Земјата во последните 59 години.
Освен тоа, оваа планета нема да биде волку блиску до Земјата во наредните 107 години.
Најголемата планета во нашиот Сончев систем, гасниот џин ќе биде во опозиција, што значи дека Земјата ќе биде меѓу неа и Сонцето, објаснува Трина Л. Реј, заменик водач на наука за мисијата „Europa Clipper“ во Лабораторијата за млазен погон на НАСА во Пасадена, Калифорнија.
Jupiter makes its closest pass to Earth in 59 years https://t.co/ty1vE8Upuk
— The Independent (@Independent) September 27, 2022
Вселенската агенција првично рече дека Јупитер ќе ѝ се приближи најблиску до Земјата во последните 70 години, но ја поправи својата изјава откако ја откри грешката, изјави портпаролот на НАСА.
Според НАСА, помеѓу Земјата и Јупитер ќе има околу 590,6 милиони километри. Јупитер е оддалечен околу 965,6 милиони километри од нашата матична планета на својата најдалечна позиција, објави вселенската агенција.