Како живее најбогатиот султан на светот: Има 7000 автомобили, златен авион, вила од 2 милиони квадрати и харем со 100 жени

Точка

26/09/2022

23:06

16.366

Големина на фонт

а а а

Султанот од Брунеи, Хасанал Болкиах ибни Омар Али Саифудиен Трети, е еден од најбогатите луѓе во светот. Сигурно се прашувате што поседува тој?

Изворите тврдат дека султанот од Брунеи поседува 7.000 луксузни автомобили. Султанот живее во кралска палата која се простира на неверојатни два милиони квадратни метри. Според Гинисовата книга на рекорди, оваа палата е најголема во светот. Надворешниот ентериер се состои од купола направена од 22-каратно злато, 1.700 соби, пет огромни базени и 257 бањи. Во палатата има и 110 гаражи, има 564 лустери за кои се потребни 51.000 сијалици.

Вредноста на неговото богатство се проценува на околу 35 милијарди евра, а тој ја носи титулата најбогат владетел во светот.

Покрај сите овие неверојатни работи, се вели дека султанот има харем. Се шушка дека султанот од Брунеи заедно со неговиот брат има свој харем во палатата, каде организира забави, а медиумите за нив зборуваат како за „постојани соучесници во хедонизмот“. Џефри, братот на султанот, има јахта што ја нарекол „Ци*ки“, а двата помали брода ги нарекол „Брадавица 1“ и „Брадавица 2“.


Поранешната мис на Калифорнија и Америка, Шенон Маркетиќ, во 1997 година открила дека била сексуална робинка на дворецот, каде што првично доаѓала да работи на промоција и маркетинг за плата од 3.000 долари на ден. Сè се завршило така што таа во реалноста деноноќно била на служба на Џефри, а открила дека била подложна на понижувачки третман и дека била затворена во палатата на султанот 32 дена.


Шенон се обидела и да ги тужи султанот и принцот во американски суд, но тоа завршило така што браќата добиле имунитет од правно гонење, со оглед на тоа дека се шефови на држави. Во судските документи стои и дека Маркетиќ сведочела дека покрај неа во харемот на султанот имало од 30-100 жени.


Џилијан Лорен напишала книгата „Мојот живот во харемот“, каде што ја открила вистината за нејзиниот престој во Брунеи. Таму пристигнала кога имала само 18 години, а на принцот Џефри му била на располагање со уште 40-тина девојки. Таа открила дека по една година, откако спиела со него повеќе од сто пати, тој едноставно ја „подарил“ на султанот кој инсистирал таа да го задоволува само орално.


Султанот имал три сопруги, од кои првата била негова блиска роднина, која работела како стјуардеса и ТВ презентер. Има вкупно 12 деца, а својот раскошен начин на живот им го пренел на синовите кои во ништо не заостануваат зад својот татко.

На пример, принцот Абдул Малик, неговиот третороден син, се ожени во 2015 година, а „Форбс“ ја опиша оваа венчавка како „кралска венчавка која ги победи сите кралски венчавки“. Тоа траеше една недела, а на главната церемонија младенците беа украсени во необични комбинезони со скапоцени камења, додека невестата наместо цвеќе држеше букет со скапоцености и благородни метали.

Венчавката траела 7 дена!

Уште еден од синовите на султанот - принцот Абдул Матин сака да се капе во луксуз и тоа јавно да го покажува. Важи за вистинска Инстаграм сензација со повеќе од милион луѓе кои го следат, а со задоволство споделува детали од скапите патувања и прикачува фотографии од јахти, приватни авиони или додека игра поло.

Ова не е крај - и принцот Азим, вториот син на султанот, е познат по тоа што прави екстравагантни забави со славните гости, вклучувајќи ги Памела Андерсон, Џенет Џексон и Мараја Кери.





Спонзорирани линкови

Маркетинг