Неверојатен подвиг! Кинески научници клонираа волк

Точка

26/09/2022

16:15

26.892

Големина на фонт

а а а

Голем чекор во светската наука направија кинеските истражувачи кои за прв пат успешно клонираа волк.

Извршниот директор на кинеската служба за клонирање на домашни миленици „Синоген“ го обелоденил овој успех, наведувајќи дека за прв пат успешно клонирале арктички волк.

„Првиот клониран арктички волк на светот е роден пред сто дена. Организиравме прес-конференција за да ве известиме за овој важен потфат и исчекор во областа на заштитата и одгледувањето на загрозените диви животински видови“, навел тој.

Волкот по име Маја е со добро здравје, а лидерите на компанијата истакнуваат дека ова е голем успех и исчекор во заштитата и спасувањето на загрозените видови, чиј број за жал се почесто расте.

Во продолжение можете да го погледнете видеото од првиот успешно клониран волк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг