Погледнете како денес изгледаат славните пејачки кои беа популарни во 80-те години на минатиот век

Точка

26/09/2022

17:24

12.392

Големина на фонт

а а а

Минивал и тапирана коса, пластичен накит во неонски бои, комбинација од сина сенка за очи и црвен кармин се само дел од стилските обележја на 80-те години на минатиот век, кои ги популаризираа славните дами како Ким Вајлд и Мадона.

Мадона токму во оваа деценија ја започна својата самостојна музичка кариера, во која ја понесе и престижната титула „кралица на поп-музиката“. Благодарение на нејзината флексибилност и способноста за аудиовизуелна трансформација, Мадона стана музичка икона која денес бројни артисти се обидуваат да ја ископираат.

Првите чекори во музичката кариера во 80-те ги направи и австралиската „џебна Венера“ – Кајли Минор, но и њујорчанката со посебен стил, Синди Лопер, која ги освои жените ширум светот со својата верзија од песната „Girls Just Want To Have Fun“.

На музичките листи доминираа и песните на тогаш веќе етаблираните и легендарни Тина Тарнер и Стиви Никс, како и Ени Ленокс која тогаш беше дел од исклучително успешното дуо „Eurythmics“.

Во продолжение, погледнете како денес изгледаат некои од најславните пејачки од 80-те години на минатиот век:

Ким Вајлд


Ени Ленокс


Мадона


Стиви Никс


Белинда Карлајл


Деби Хари


Синди Лопер


Тина Тарнер


Џоан Џет


Кајли Миног




Спонзорирани линкови

Маркетинг