НФЛ објави кој ќе настапи на полувремето на Супербоул, обожавателите едвај го чекаат спектаклот

Точка

26/09/2022

14:41

3.853

Големина на фонт

а а а

НФЛ објави дека на полувремето на Супербоул 2023 година ќе настапи Ријана.

Пејачката која обожавателите веќе со години ја молат за нов албум, вчера објави мистериозна фотографија на Инстаграм на која се гледа како држи рагби топка. „TMZ“ денеска прв извести дека Ријана е во преговори со НФЛ за настап на Супербоул.

Познатата пејачка најпрвин беше поканета да настапи на полувремето во 2019 година, но ја одби поканата во знак на поддршка кон Колин Кеперник, кој се соочи со бурни реакции затоа што клечеше за време на интонирањето на националната химна во знак на протест против полициското насилство врз Афроамериканците.

Настапот на Ријана на полувремето ќе биде нејзин прв поголем настап по 2018 година. Таа нема издадено нов албум од „ANTI“ во 2016 година, а во меѓувреме се фокусираше на својата колекција шминка и линија на долна облека. Оваа година го доби и своето прво дете со раперот АСАП Роки.


Обожавателите се воодушевени

Обожавателите се воодушевени од веста за појавувањето на Ријана на Супербоул и шпекулираат дека конечно би можела да издаде нов албум. Твитер и останатите мрежи се преплавени со објави од нејзините фанови кои едвај го чекаат спектаклот.

Следното, 57-мо издание на НФЛ шампионатот ќе се одигра на 12 февруари 2023 година на стадионот Стејт Фарм, домот на Аризона Кардиналс во Аризона.


Со текот на годините, спортскиот и поп културен настан привлече милиони гледачи со култните настапи на најголемите музички имиња како Бијонсе, Лејди Гага, Џенифер Лопез, Принс, Шакира, Бруно Марс… На спектаклот оваа 2022 година учествуваа Еминем, Др. Дре, Снуп Дог, Мери Џеј Блајџ, Кендрик Ламар и гостинот кој беше изненадување – 50 Сент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг