Погребот на кралицата Елизабета не е најгледаниот кралски настан во историјата – овој е

Точка

24/09/2022

16:42

6.823

Големина на фонт

а а а

Претходно оваа недела беше објавено дека погребот на кралицата Елизабета го проследиле 28 милиони Британци, што е помала бројка во однос на гледаноста на погребот на принцезата Дајана во 1997 година, кој го проследиле 32 милиони граѓани на Обединетото Кралство.

Според бројките кои ги објави истражувачката организација „Barb“, погребот на кралицата бил емитуван на повеќе канали, а во САД го следеле просечно 11,4 милиони гледачи, додека погребот на Дајана во 1997 година го гледале 33,2 милиони Американци.

Меѓутоа, треба да се има на ум дека е многу тешко да се споредат овие два настани со оглед на контекстот на времето, технологијата и навиките на граѓаните кои во меѓувреме драстично се промениле.

Уште еден интересен факт е дека венчавките на принцот Хари и принцот Вилијам биле повеќе гледани на телевизија отколку погребот на нивната баба. Нивните венчавки привлекле 29,2 милиони и 22,7 милиони американски гледачи, што значително ја надминува гледаноста на погребот на кралицата Елизабета Втора, пренесува „Marca“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг