Земан го брани Алегри: Кој игра добар фудбал во Серија А?

Макфакс

24/09/2022

15:34

2.112

Големина на фонт

а а а

Контроверзниот Зденек Земан, во интервју за италијанските медиуми, застана во одбрана на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Јувентус игра лошо од почетокот на сезоната, има само две победи во седум натпревари во Италија и два порази во Лигата на шампионите.

Серија А, ја предводат Наполи и Аталанта, екипи кои освоија 17 од можните 21 поен во првите седум рунди. Зад нив со бод помалку е Удинезе.

„Кога не победувате, секој ќе се најде под лупа и ќе трпи критики, дури и Гвардиола кој е најдобриот тренер во моментов. Тимот на Алегри се соочува со многу повреди, уште неколку суспензии и мислам дека тој ја плаќа цената. Нормално е луѓето да се изненадат кога Јувентус ќе загуби од Монца. Но фудбалот е таков. Секого можеш да победиш и од некого да загубиш, а Јувентус обично победува“, застана во одбрана на италијанскиот стручњак Зденек Земан.

Новинарите се осврнаа на фактот дека не постои јасна идеја во играта на Јувентус оваа сезона.

„И кој игра (добар) фудбал во Италија. Можеби неколку екипи, Емполи или Удинезе, но тие не се стремат кон титулата“, заклучи Земан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг