Најдобрите во историјата на тенисот договараат тактика

Макфакс

24/09/2022

14:28

2.126

Големина на фонт

а а а

Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се сметаат за најдобрите тенисери во историјата.

Федерер синоќа се пензионираше на Лејвер купот. Тој играше дубл со Надал против Американците Џек Сок и Френсис Тијафо. Камерите снимија како Федерер, Надал и Ѓоковиќ ја договараат тактиката.

„Не смееме да се плашиме да ја погодиме топката“, рече Федерер, а потоа се вмеша Ѓоковиќ: „Знам што сакаш да кажеш, но можеби би бил добар дополнителен удар кога Тијафо е во втор план“.

Потоа Надал додаде: „Велиш дека треба да испукам топката кон Џек? А, не кон него, туку кон Френсис кога тој е позади“.

„Натерајте го да игра“, нагласи Ѓоковиќ, а потоа Надал рече: „Да, згрешив на првиот поен. Можевме да ја испратиме топката кон Френсис, а потоа да излеземе на мрежа“.

Ѓоковиќ потоа повтори: „Натерајте го да одигра уште еден поен“. Федерер и Надал на крајот загубија со 2:1 во сетови (4:6, 7:6, 11:9).



Спонзорирани линкови

Маркетинг