Кадиров: Огромен број припадници на државните служби се вешти со оружје, нема да требаат резервисти

Макфакс

24/09/2022

14:26

2.346

Големина на фонт

а а а

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров денеска предложи да се мобилизираат половина од припадниците на федералните сили за таканаречената, како што ја нарекуваат Русите, „воена операција“ во Украина.

„Дури и да ги отстраниме волонтерите од приказната, сепак имаме огромен број на припадници на државните служби кои на овој или оној начин се во добра физичка форма и се вешти со оружје“ порача Кадиров на Телеграм.

Тој објаснува дека мислел на членови на Министерството за вонредни ситуации, руски воени маршали, чувари, чувари разузнавачи, затворски чувари, граничари и членови на истражни органи.

„Во комбинација со војската и безбедносните служби, тоа е бројка од пет милиони луѓе, кои редовно се подложуваат на физички тестови. Ако оставиме 50 проценти од персоналот на нивните работни места, тогаш преостанатите 50 проценти, што се 2,5 милиони луѓе, ќе ја прегазат секоја војска од запад. Нема да бидат потребни резервисти“ – додаде Кадиров.

Чеченскиот лидер вели дека шефовите на овие федерални агенции треба веднаш да го започнат планот.

„Русија е голема земја, има толку многу ресурси што НАТО и Западот ќе се изморат од броење, а воениот персонал е многу поголем отколку што некој може да замисли“ – додаде Кадиров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг