Чарлс III првпат фотографиран за време на кралските должности

Макфакс

24/09/2022

14:25

1.857

Големина на фонт

а а а

Кралот Чарлс за првпат е фотографиран со таканаречената црвена кутија во која британскиот монарх добива владини документи. Фотографија на кралот како ги презема своите службени должности беше објавена од Бакингемската палата.

Црвената кутија е познат симбол на британската монархија и често се објавуваа фотографии на кралицата Елизабета Втора со оваа кутија.

Содржи документи од британската влада и некои земји од Комонвелтот кои му се испраќаат на монархот од канцеларијата на приватниот секретар.

Сликата на Чарлс III како извршува кралски должности е направена во соба од 18 век во Бакингемската палата, три дена по погребот на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

Во позадина е фотографија на која се прикажани родителите на Чарлс, кралицата Елизабета и принцот Филип.



Спонзорирани линкови

Маркетинг