Почина оскаровката Луиз Флечер, ѕвезда на филмот „One Flew Over the Cuckoo’s Nest“

Точка

24/09/2022

11:09

3.993

Големина на фонт

а а а

Актерката Луиз Флечер, која доби Оскар за улогата во филмот „One Flew Over the Cuckoo’s Nest“ од 1975 година, почина на 88-годишна возраст, пренесува „AP“.

Флечер починала во сон, опкружена со семејството во својот дом во Франција, изјавил нејзиниот агент Дејвид Шаул. Тој не ја навел причината за смртта.

Нејзиниот син Ендрју Бик изјавил за „Hollywood Reporter“ дека Флечер починала во петокот од природна смрт. Актерката преживеа две борби со ракот на дојка.


Луиз во 1976 година освои Оскар за најдобра главна актерка за улогата на немилосрдната медицинска сестра Милдред Рачед во адаптацијата на Форман на истоимениот роман на Кен Киси од 1962 година. Филмот таа година освои и награда за најдобар филм, најдобра режија, најдобар главен актер и најдобро сценарио.

Во својот говор таа вечер, актерката користела американски знаковен јазик за да им се заблагодари на своите глуви родители, а ѝ се заблагодарила и на публиката што ја мрази.

Нејзиниот приказ на овој лик е толку незаборавен што „Netflix“ во 2020 година ја креираше серијата „Ratched“ по него, која ја следи приказната на медицинска сестра која станува негативец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг