(Видео) Емотивни сцени на Лејвер купот: Федерер го остави тенискиот рекет, Надал се гушел во солзи

Точка

24/09/2022

10:36

4.346

Големина на фонт

а а а

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер го одигра својот последен меч во професионалната кариера, проткаен со бурни емоции.

Федерер во двојки со Шпанецот Рафаел Надал беше поразен од американскиот пар Џек Сок – Френсис Тијафо на Лејвер купот во Лондон, но и покрај тоа, крајот на кариерата беше величествен настан.

Тој на крајот и заплакал, а со него и целиот стадион. Неговиот дубл партнер во последниот меч исто така се гушел во солзи.

Швајцарецот го остави рекетот со кој владееше во светскиот тенис – освои 103 АТП титули во сингл, по што е втор во Опен ера, а во текот на кариерата оствари 1.251 победа и 20 Гренд слем титули.


По 3 операции на десното колено во последните година и пол, Рожер одлучи да стави крај на својата 25 години долга играчка кариера.


Тој се смета за еден од најдобрите тенисери во историјата. Беше член на „Големата тројка“ заедно со Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Надал е прв по бројот на Гренд слем титули – 22, Ѓоковиќ има една помалку – 21, а Федерер остана на 20.



Спонзорирани линкови

Маркетинг