(Видео) Македонија не ги искористи своите шанси, Кварацхелија брутално казни

Дерби

23/09/2022

20:05

3.317

Големина на фонт

а а а

Македонската фудаблска репрезентација одново ќе има за што да жали во една пресметка против Грузија, бидејќи по поразот кој го претрпевме во јуни по нереализирани шанси, денеска промашивме уште повеќе на гостувањето во Тбилиси.

Милениците на Благоја Милевски подобро отворија, имаа иницијатива и создадоа добри шанси за отворање на резултатот, но први примија гол откако Грузија првпат упати шут кон рамките на голот на Димитриевски во 35-та минута. По одбранетиот удар кој го испрати Абуржанија, Грузијците добија корнер, а од оваа акција дојде и првиот гол.

Кварацхелија покажа класа и изнуди автогол од Миовски кој беше лошо поставен во сопствениот шеснаесетник, па со резултат 1:0 се замина на паузата меѓу двете полувремиња.

Вториот дел започна со силен притисок од Македонија, Елмас во два наврати и Миовски пропуштија да го совладаат Мамардашвили за 1:1, по што следеше брутална казна и гол од Кварацхелија.

Велковски направи голема грешка и му ја подари топката на Зивзивадѕа, по што брзоногиот фудбалер додаде до Кварацхелија кој погоди за водство од 2:0. По погодокот во 64-та минута, македонските фудбалери беа конфузни и Зивзивадѕе имаше стопроцентна шанса да зголеми на 3:0, но неговиот удар заврши крај голот.

Измените кои ги направи Милевски во завршницата одново донесоа теренска иницијатива од наша страна, но резултатот не се менуваше, па Грузија со победата од 2:0 го осигура првото место во групата во Лигата на нации. Македонија за крај игра натпревар против Бугарија во понеделник, а истиот е на програмата во понеделник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг