Џорџ Клуни бил платен само 3 долари за филмот којшто бил номиниран за Оскар дури во 6 категории

Точка

23/09/2022

20:15

4.785

Големина на фонт

а а а

Џорџ Клун едно време беше еден од најплатените актери на светот, но можеби ќе ве изненади фактот што бил платен само три долари за еден од своите филмови за кој добил најмногу пофалби.

За својата драма од 2005 година „Good Night, and Good Luck“, Клуни освен во улогата на актер се нашол и во улога на режисер и сценарист на филмот.

Меѓутоа, наместо да бара вртоглава плата, Клуни зел по еден долар за секоја од обврските.


Дејството на филмот во кој исто така глумат и Дејвид Стратхерн и Роберт Дауни Џуниор, сместено е во 1953 година и е направен врз основа на вистинска животна приказна на радискиот и телевизиски новинар Едвард Р. Муроу којшто се обидел да го смени американскиот сенатор Џозеф Мекарти.

Снимањето на филмот чинело „само“ 7,5 милиони долари, при што ниската плата на Клуни веројатно помогнала трошоците да бидат толку мали.

Клуни толку многу сакал да го сними овој филм што повторно ставил хипотека на сопствената куќа за да собере пари.

Неговото коцкање се исплатило затоа што филмот заработил повеќе од 54 милиони долари ширум светот односно повеќе од седум пати од вложеното.




Спонзорирани линкови

Маркетинг