Сочни и неодоливи – шкотски палачинки: Стар рецепт на кралицата Елизабета Втора кој го воодушевил и американскиот претседател

Точка

23/09/2022

19:30

12.501

Големина на фонт

а а а

По смртта на кралицата Елизабета Втора, сè што има врска со нејзиниот живот стана главна тема и во светските и во домашните медиуми.

Кралицата Елизабета Втора отсекогаш беше една од најинтересните личности, а со оглед на тоа што таа е и една од најпознатите жени на планетата, не е ниту чудно што постојат толку приказни за нејзиниот живот којшто го интересира цел свет.

Деновиве на социјалните мрежи кружи рецепт којшто лично кралицата го напишала, иако не го осмислила, а му го испратила уште во 1959 година на тогашниот американски претседател Двајт Ајзенхауер.

Познато е дека Ајзенхауер со сопругата бил во посета на кралицата во дворецот Балморал, а за таа прилика за појадок имале т.н. drom scones, односно шкотски палачинки, вид пржено тесто кое потсетува на американските палачинки.

Состојки:

- 4 шолји брашно (околу 400 грама);
- 4 лажици шеќер во прав;
- 2 шолји млеко;
- 2 јајца;
- 2 лажички сода бикарбона;
- 3 лажички вински прашок за печиво;
- 2 лажици топен путер.


Подготовка:

Изматете ги заедно јајцата, шеќерот и половина потребна количина од млекото. Во добиената смеса додадете го брашното, па повторно мешајте и додадете го останатото млеко, сода бикарбоната, прашокот за печиво и путерот. Внимавајте тестото да биде погусто од смесата за обични палачинки.

Палачинките пржете ги на загреана тава и внимавајте тавата да има дно на кое нема да се топи смесата.

„Кога правам помали палачинки, ја намалувам количината на брашно и млеко, но количината на останатите состојки не ја менувам. Исто така понекогаш ги подготвувам така што наместо шеќер користам златен сируп и тоа може да биде многу вкусно“, пишува во писмото на кралицата Елизабета.




Спонзорирани линкови

Маркетинг