Актерот Рајан Грантам осуден е на доживотен затвор поради тоа што ја убил својата мајка во 2020 година.
Ѕвездата од серијата „Riverdale“, во вторникот бил осуден во Врховниот суд Британска Колумбија во Ванкувер, а право на условна слобода ќе има дури за 14 години, наведува „CBC“.
Казната на Грантам била очекувана поради тоа што ја признал вината за убиство од втор степен, што во Канада автоматски подразбира доживотна казна.
Обвинителите на сослушувањето во јуни рекле дека Грантам на 31 март 2020 година пукал во својата 64-годишна мајка Барбата Вејт додека свирела клавир.
The white media made sure to use a photo of him as a child. He's 24. https://t.co/aJm42S2Pcu
— Tr1ll Texas (@TexasFBA4Ever) September 22, 2022
Судот неодамна дознал дека Грантам го вежбал убиството и снимил видеа во текот на постапката, вклучувајќи го и она во кое го признава злосторството и на кое го покажува телото на својата мајка.
Грантам исто така наводно го наполнил својот автомобил следниот ден со три пиштоли, десеттина молотови коктели, потребни работи за кампување и се спремил за доаѓање до куќата на канадскиот премиер Џастин Трудо со намера да го убие. Меѓутоа, наместо тоа се предал на полицијата на Ванкувер.
„CBC“ известува дека судијата Кетлин Кер при изрекувањето на пресудата неделава оценила дека е „спасителска мисла“ тоа што Грантам одлучил да не тргне во другиот поход за убиство. Исто така забележала „потресни“ злодела што било видливо од изјавата на сестрата на актерот, во улога на жртва.
Riverdale star Ryan Grantham is jailed for LIFE for shooting his mom in the back of the head https://t.co/AuaJrtDUSS
— Daily Mail Online (@MailOnline) September 23, 2022
Според извештајот на „CBC“ во јуни, психијатриските извештаи покажуваат дека Грантам пред убиството минувал низ „интензивен период на клиничка депресија“ со „нагони на насилство и самоубиство“.
Грандам наводно одлучил да ја убие својата мајка која во тоа време се борела со канцер „за да ја поштеди од тоа да го гледа насилството кое имал намера да го направи“.
Кер во вторникот кажала дека менталните проблеми на актерот се гледаат како олеснителна околност во убиството. Исто така напоменала дека Грантам моментално прима психијатриска помош во затворот.