Фон дер Лаен со предупредување до десницата во Италија

Макфакс

23/09/2022

16:23

2.962

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, ја предупреди Италија за последиците доколку отстапи од демократските принципи испраќајќи едвај прикриена закана пред изборите в недела, на кои се очекува да победи десничарскиот блок предводен од Џорџо Мелони.

Коментарите укажуваат на загриженост во некои европски метрополи за претстојните избори и сугерираат дека односите меѓу Брисел и Рим би можеле да станат турбулентни доколку победат Мелони и нејзините партнери.

„Мојот пристап е дека која било демократска влада е подготвена да работи со нас, ние работиме заедно“, рече Фон дер Лаен на Универзитетот „Принстон“ во САД в четвртокот, на прашањето дали има загриженост за претстојните избори во Италија.

„Ако работите тргнат во тешка насока… Зборував за Унгарија и Полска, ги имаме алатките“, додаде таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг