Се зборува дека пејачката со години е мртва и дека ја заменила двојничка: Одамна никој не ја видел во јавност – по тешката борба сега се враќа посилна од било кога!

Точка

23/09/2022

21:05

10.365

Големина на фонт

а а а

Таа беше една од најпопуларните пејачки на светот, а потоа едноставно пропадна во земја. Сега се врати и изгледа сосема поинаку!

Аврил Лавињ (37) во 2002 година ја промовирше песната „Complicated“ и така се роди тинејџ панк ѕвезда во тело на девојче од Канада. Нижеше хитови и албуми, а потоа исчезна од јавноста.

Пред неколку години се појавија гласини дека Аврил всушност е мртва уште од 2003 година и дека издавачката куќа ја сменила со двојничката Мелиса Вандела.

Теориите велат дека Аврил на самиот почеток на нејзината кариера тешко се носела со славата, па дека изнајмила дублер по име Мелиса. Борбата со депресија ја натерала да си го одземе животот, па Мелиса во целост го преземала нејзиниот идентитет.


Потврда за овие шпекулации, освен промената на музичкиот правец, гледаат и во деталите како обликот на нејзиниот нос, брадата, бенките и тетоважите кои наводно не се на истото место.

Се испостави дека ништо од тоа не е точно кога Аврил се врати на музичката сцена по долга медиумска пауза. Во големото повратничко интервју за магазинот Билборд, таа зборуваше и за нејзината битка со Лајмската болест. Таа откри дека почнала да се чувствува лошо во 2014 година, била исцрпена и уморна. Бидејќи нејзината пријателка Јоланда Хадид боледува од истата болест, таа почнала да се сомнева дека и таа го има истиот проблем.

„Бев во кревет две години. Болеста се пренесува преку крлеж кој е заразен со спирална бактерија и морав да пијам неколку различни антибиотици во исто време кои полека ја убиваат таа бактерија“, откри тогаш Аврил.

Долгото отсуство од сцената не било предизвикано само од лошата физичка, туку и психичка состојба, но Аврил во меѓувреме се врати на сцената и сега повторно е редовно во медиумите. Таа неодамна даде уште едно интервју и најави нов албум.

Некои обожаватели сè уште тврдат дека Аврил не е меѓу живите и дека умрела на врвот на својата популарност и дека е заменета со девојка по име Мелиса. Аврил еднаш накратко го искоментира тоа: „Да, некои мислат дека јас не сум вистинската јас, што е толку извртено! Зошто некој би го помислил тоа?“.

Аврил била во долга и среќна врска со милијардерот Филип Сарофим, а се верувало дека врската ќе заврши со брак.

Сепак, љубовта завршила, а пејачката сега е во врска со пејачот Мод Сан. Љубовта ја признале во февруари 2021 година. Аврил вели дека токму пред да го запознае, се заколнала дека завршила со мажи, а потоа го запознала него и сè паднало во вода.

„Излегов од долга и сериозна врска и првпат посакав да не запознавам некој нов, да останам сама. Сепак, се случи соработка со Мод Сан и само кликнавме, искри летаа насекаде. Си реков: ‘Животот е краток, а јас сум Вага во хороскопот и ја сакам љубовта’“, изјавила Аврил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг