Снимките од обезбедувањето на кралот Чарлс станаа популарни на социјалните мрежи поради еден спорен детаљ.
Експерт за безбедност ги демантирал гласините, но тоа не го спречи ширењето на разни теории.
Чарлс Трети бил на прошетка пред замокот Кардиф минатата недела, кога корисниците на социјалните мрежи забележале дека член од неговото обезбедување постојано ги држел рацете во многу специфична положба.
Еден Тиктокер тврди дека причината за ваквата чудна положба се „лажните раце“ на телохранителите со што се сложил уште еден корисник на оваа мрежа кој објавил видео од кралот пред Бакингемската палата.
И на оваа снимка, како што тврдат набљудувачите, телохранителите необично ги држат рацете, поточно едната рака која не се поместува и изгледа како туѓо тело. Понудиле и објаснување за тоа – обезбедувањето употребува т.н. „лажни раце“ со цел со вистинската рака која се наоѓа под нивното сако постојано да држат оружје во случај некој да го нападне кралот, пишува „Daily Mail“.
„Можам да разберам зошто некои луѓе можеби го помислуваат тоа поради она што изгледа како неверојатно цврст стисок, но дефинитивно не се работи за лажни раце“, изјавил експертот за безбедност Вил Гедес за „Metro“.