(Фото) Дали некој би платил 250 милиони долари за да живее на врвот на светот?

Точка

23/09/2022

14:40

22.623

Големина на фонт

а а а

Восхитувачкиот пентхаус е круна на њујоршката кула „Central Park“ која исто така е највисоката станбена зграда на светот.

Неверојатниот пентхаус се простира на 1.750 метри квадратни од 129-от кат до 131-от кат.

Раскошниот пентхаус со стаклени ѕидови од подот до плафонот се состои од седум спални соби, има дури 11 бањи, две кујни и неколку дневни соби и простории за забава.


Катовите се поврзани со привлечни скулптурирани скали. Интересно во ова спектакуларно прибежиште е приватната тераса од речиси 140 метри квадратни со поглед кон Central park и реката Хадсон.

Со три масивни катoви на располагање, горниот кат е моментално конфигуриран како приватна сала за танцување или простор за забава, што би можел да биде највисокиот приватен дел за танцување на Земјата.

Пентхаусот би можел да постави рекорд и за најскап дом на Земјата.


Моменталниот рекордер е пентхаус од 238 милиони долари во улицата Central park South 220 којшто го купил милијардерот Кен Грифин во 2019 година.

Без оглед на прекрасниот поглед и огромната површина, цената од 250 милиони долари не изгледа целосно оправдано, меѓутоа Гари Барнет претседател и основач на „Extell Development“, чија компанија стои зад кулата „Central Park“ вели:

„Постојат многу уметнички дела кои чинат 100 милиони долари, па дури и 200 милиони долари. Кога тоа ќе го споредите со 17.000 квадрати челик, цигли и стакло на врвот од светот, ова изгледа како целосно оправдана цена“.





Спонзорирани линкови

Маркетинг