Актерката која ја „оживеа“ најпопуларната русокоса на светот се најде на страниците за возрасни: „Ме вознемирува самото размислување на тоа“

Точка

23/09/2022

14:04

5.261

Големина на фонт

а а а

Актерката Ана де Армас ја толкува главната улога во филмот „Blonde“ – приказната за најпознатата русокоса Мерилин Монро.

Актерката Ана де Армас е ѕвезда на новиот филм на „Netflix“ за животот на Мерилин Монро во кој неколку сцени ги одиграла без облека.

Поранешната девојка на Бен Афлек по тој повод изјавила дека е одвратно тоа што нејзините голи сцени веројатно ќе станат вирални на интернет.

„Знам што ќе стане вирално и тоа е одвратно. Ме вознемирува тоа и кога размислувам на истото. Не можам тоа да го контролирам, не можам реално да контролирам што луѓето прават и како ги вадат работите од контекст. Лошо ми е кога размислувам за иднината на тие видеа“, изјавила актерката и додала дека снимањето на филмот било напорно и надвор од нејзината комфор зона, но дека се согласила на сè поради Мерилин Монро и режисерот Ендру Доминик.


„Во овој филм работев на работи кои никогаш не би ги направила за било кој друг, никогаш. Ги направив за неа и ги направив за Ендру“, изјавила Ана, пренесуваат американските медиуми, но и додаваат дека ова не е првпат гледачите да бидат во можност да ја видат актерката разголена.

На бројни страници за возрасни веќе се наоѓаат голите фотографии и видеа од убавата актерка од остварувањето „Deep water“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг