(Фото/Видео) Девојката која на Меган Маркл ѝ рече: „Буквално си преубава“ - е дел од ПР тимот на војвотката?

Точка

23/09/2022

09:49

6.534

Големина на фонт

а а а

На интернет кружат сурови обвиненија дека оваа жена е дел од ПР тимот на Меган Маркл и дека ја следи на речиси сите настани во Британија.

Девојката која на Меган Маркл ѝ рече дека е „толку убава“ пред замокот Виндзор, ги демантирала тврдењата дека ја подметнал ПР тимот на војвотката од Сасекс.

Изабела Чартерс (25) била со својот татко, брат и момче, чекајќи пред Виндзор минатиот вторник, на 13 септември, кога ѝ пришла Меган Маркл.


Девојката снимала видео додека принцот Хари и Меган пристигнувале пред Виндзор. Дури ја снимила и прегратката на Меган Маркл и Амелка Зак (14). Потоа Изабела ѝ рекла на Меган: „О, Боже мој. Буквално си преубава“.

Но, останала шокирана откако на социјалните мрежи беше обвинета дека ПР тимот на Меган Маркл ѝ платил да биде таму и да го каже тоа.


Други тврдат дека добро ја познава Меган и дека ја следи на сите собири во Велика Британија.

Изабела Чартерс го снимила моментот кога Меган ѝ пришла неа и на Амелка и го објавила на ТикТок, каде видеото е прегледано повеќе од 30 милиони пати.


На интернет кружи и фотографија на која Изабела стои покрај Меган Маркл на друг настан, а под фотографијата пишува:


„Може ли некој да ми помогне ова да го разберам? Истата жена, но направено е да изгледа спонтано. Како можеле да знаат дека Меган Маркл ќе биде таму? Девојчето ја прегрнува, а таа ѝ вели: „Толку си убава“. Значи, јасно е дека ова е наместено“, тврди една жена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг