Кој е човекот на Путин „тежок“ половина милијарда долари? Русите очајнички го сакале на слобода – над 200 луѓе ослободени во замена за Медведчук

Точка

22/09/2022

22:04

6.141

Големина на фонт

а а а

Украински опозициски политичар Виктор Медведчук, близок до Кремљ којшто бил уапсен во април, разменет бил со Русија во рамките на размена на затвореници, изјавил украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски изјавил дека 200 украински затвореници вратил дома во замена за Медведчук.

„Прво ни беше понудено да вратиме 50 наши луѓе во замена за еден од оние во притворскиот центар Служба на безбедноста на Украина. Разговаравме. Инсистиравме. Бројот од 50 се зголеми на 200“, изјавил Зеленски.

Васил Малиук, вршител на должност шеф на украинската служба на безбедност, изјавил дека Медведчук е „документиран како предавник“.

„Покрај тоа, работејќи на случајот Медведчук, неутрализиравме повеќе агенциски мрежи, апсевме повеќе предавници и добивме многу вредни информации кои ги користиме за контраразузнавачки операции и кои ќе нè приближат до нашата победа“, изјавил Малоук.

Кој е Медведчук?

Виктор Медведчук е роден во 1954 година во Сибир, каде родителите му биле протерани откако неговиот татко бил осуден за соработка со нацистите во текот на окупацијата на Украина. Работел како адвокат, а подоцна влегол во политиката.

Медведчук е лидер на Опозициската платформа за живот, најголемата опозициска партија во Украина. Во март партијата била една од неколкуте кои Зеленски ги суспендирал поради своите врски со Русија.

Тој се споменува како еден од Путиновите фаворити да го преземе Киев во случај Русија да успее да го заземе тој град. Медведчук вели дека рускиот претседател Владимир Путин е кум на неговата ќерка.

Украинските власти Медведчук го ставиле во домашен притвор, но тој побегнал три дена откако Русија ја нападнала Украина на 24 февруари.

Богатство од половина милијарда долари

Медведчук е познат како еден од најголемите противници на ЕУ, кој своевремено ја споредил со нацистичка Германија.

Обвинет е за организирање протести во знак на поддршка на Русија и тогашниот претседател Јанукович, но за таквите тврдења никогаш не биле пронајдени докази.

„Forbes“ го проценува неговото богатство на половина милијарда долари.

Тој е сопственик на „The Royal Rоmance“ долга 92 метри која со години била усидрена во центарот на Риека.

Пред неколку седмици, како што пишуваше „Нов дневник“, таа јахта излегла од пристаништето и заминала на пристаништето во Трогир.

„Заминал со Путин“

Во февруари, пред инвазијата, магазинот „Time“ објави вест за пријателството на Медведчук и Путин.

Ова е дел од веста: „Тие заедно летуваат на Црното море. Соработуваат. Опседнати се со врските меѓу своите земји и западните сили кои гледаат како силите се конфронтираат“.

„Нашиот однос се развива повеќе од 20 години. Не сакам да кажам дека ја користам таа врска, но можам да кажам да“, изјавил Медведчук.

„Путин истотото тоа би можел да го каже за Медведчук. Како водечки глас на руските интереси во Украина, политичката партија на Медведчук е најголемата опозициска сила во парламентот, со милиони поддржувачи. Во текот на изминатите години таа партија се нашла на удар на критики. Медведчук е обвинет во мај поради предавство и ставен беше во домашен притвор во Киев. Минатиот месец САД го обвинија и него и неговите сојузници дека планирале државен удар со помош на руската војска“, пишува „NY Times“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг