2.500 евра за капут кој го „мати“ разумот: Кејт Мидлтон со првото појавување по погребот на кралицата зададе моден предизвик

Точка

22/09/2022

20:15

10.225

Големина на фонт

а а а

Принцезата од Велс може да се пофали со прекрасна гардероба, но дефинитивно најубавиот дел се капутите.

Кога станува збор за модата на Кејт Мидлтон, нема многу место за креативност и експериментирање поради тоа што животот во британското кралско семејство подразбира строги правила за облекување.

Сепак, новата принцеза од Велс успеала да стане една од официјално најдобро облечените жени на светот.

Што и да облече сопругата на Вилијам, тоа се распродава во рок од неколку дена, а модните портали преплавени се со нејзини фотографии од оној момент кога ќе излезе од дома.

Меѓутоа, во морето отмени фустани и здолништа, едно парче посебно се издвојува кога станува збор за Кејт Мидлтон – капутите.

Како што британските медиуми пишуваа во 2020 година, сопругата на Вилијам сме ја виделе во многу капути досега, а оттогаш претставила неколку нови модели.

Таа носи британски брендови, а најмногу ги сака сините варијанти, додека пак најретко носи црни капути.

Меѓутоа, сега таа нашла извонреден црн модел на капут којшто е многу прикладен поради фактот што британското кралско семејство и натаму е во жалост поради Елизабета Втора, па Кејт овојпат во јавноста по погребот на кралицата се појавила во капут кој без сомнеж остава моќен впечаток.

Станува збор за парче од италијанската модна куќа „Dolce & Gabbana“ чија цена изнесува 2.150 фунти, односно малку помалку од 2.500 евра и кој претставува совршен спој на класичен дизајн и иновативни решенија.

Капутот на Кејт нема крагна, има кружен изрез, го красат џебови на преклоп, струкиран е и има двојно закопчување со крупни, златни, копчиња.


Без оглед на неговата вртоглава цена, не станува збор за нов модел туку за капут од колекцијата есен/зима 2016 година, а принцезата од Велс го носела со црни салонки од превртена кожа од брендот „Gianvito Rossi“ чија цена изнесува повеќе од 730 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг