Совршено уверлива фото галерија: Вака денес би изгледале славните ѕвезди кои прерано нè напуштија

Точка

22/09/2022

19:48

12.133

Големина на фонт

а а а

Бројни славни ѕвезди неочекувано нè напуштија, многу пред да доживеат длабока старост и често знаеме да се запрашаме како би изгледале доколку имаа прилика да остарат.

Е па, се чини дека за тоа повеќе не мора да размислуваме. Со помош на AI технологијата, фотографот и адвокат Алпер Јесилтас креирал серија фотографии насловена „Како ништо да не се случило“ (As If Nothing Happened) која наизглед ги враќа во живот иконите на поп културата.

Славните личности вклучувајќи ги Хит Леџер, Фреди Меркјури и Курт Кобејн „остареле“ на начин на кој се чини исклучително уверлив, а генерираните портрети изгледаат толку реално што на момент би можеле да заборавиме дека веќе долго време не се помеѓу нас.

Јесилтас е возбуден од можностите и потенцијалот на вештачката интелигенција и верува дека со неа „сè што може да се замисли може да се прикаже на реален начин“ и тоа го инспирирало да започне да експериментира со неа.

„Кога започнав да се занимавам со технологијата видов што можам да направам и размислував за тоа што би ме направило најсреќен: сакав повторно пред себе да видам некои од луѓето кои ми недостасуваа. Така започна ‘Како ништо да не се случило’“, вели тој за „My Modern Met“.

Погледнете како Јесилтас ги вратил во живот некои од омилените славни личности (баш како ништо да не се случило).

Принцеза Дајана


Фреди Меркјури


Џон Ленон


Хит Леџер


Џими Хендрикс


Курт Кобејн


Мајкл Џексон


Елвис Присли


Тупак Шакур


Џенис Џоплин


Брус Ли




Спонзорирани линкови

Маркетинг