Давид Силва осуден за физичка повреда на жена на Канарските Острови

Макфакс

22/09/2022

16:57

2.550

Големина на фонт

а а а

Легендата на Манчестер сити, Давид Силва е прогласен за виновен за физичка повреда на жена при тепачка на Канарските Острови, јавува Асошиејтед прес.

36-годишниот Силва, кој сега игра за Реал Сосиедад, е осуден за инцидент кој се случил на 19 јуни на карневал на Канарските Острови, кога се случила тепачка меѓу две групи луѓе, а Силва, насилно ја грабнал жената да ја одвлече, по што таа паднала и ги повредила лактите и колената. Судот му одреди казна од 1.080 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг